Промовирање на извештај за застапеноста на употребата на психоактивни супстанци кај населението

Сподели со своите пријатели

Институтот за јавно здравје на Република Македонија денеска ќе го промовира Извештајот со резултати од истражувањето за застапеноста на употребата на психоактивни супстанци кај населението годинава, спроведено прв пат во државава.

Од Институтот информираат дека на извештајот работеле нивни тимови и партнери, а финализиран е со поддршка на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависност од дроги (EMCDDA) од Лисабон и Министерството за здравство.

На промоцијата ќе присуствуваат претставници од Европскиот мониторинг центар за дроги и зависност од дроги, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, десетте центри за јавно здравје, СЗО, УНИЦЕФ, УНДП, УНФПА, Универзитетската клиника за психијатрија, Црвениот крст на Македонија, невладини организации..

Извор:МИА

Loading...