Промоција на книгата „Are you schizoid“ од Кирчо Арсовски во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кафе барот Агора во Куманово во среда со почеток во 20 часот ќе биде домаќин на прмоцијата на книгата цртежи , „Are you schizoid“ од Кирчо Арсовски, која неодамна ја објави издавачката куќа Темплум од Скопје.

За книгата ќе зборуваат Никола Гелевски и Владимир Јанчевски.

Кирчо Арсовски е култна фигура на македонската независна културна сцена. Најмногу е познат како музичар (предводник на групата Трачери), но создавал стрипови и филмови, пишувал драми и колумни…

 

Loading...

 

Последниве неколку години Арсовски френетично црта. Под неговите шарени моливи веќе излегоа неколку илјади цртежи… Во книгата е претставен мал дел од тој опус, околу 250 цртежи во боја од 2016 година.

Секој купувач на книгата, која ќе се продава по цена од 600 денари, како подарок ќе добие еден беџ и еден испринтан цртеж, по сопствен избор.