Променливо облачно со подолги сончеви периоди

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди, информираат од Упрпавата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 19 степени, додека максималните дневни ќќе бидат во итнервал од 16 до 22 степени целзиусови.

Во Куманово и околината деденс ќе имаме променливо време со кратки сончеви периоди и максимална дневна температура од 17 степни, а вчерашниот ветер ќе биде со незначителен интензитет.

Во петок под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има врнежи од дожд, особено доцна попладне и во вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни.

За време на викендот ќе преовладува стабилно време, во сабота релативно свежо, а од недела со благ пораст на температурите.

 

Loading...