Професиите кои водат до депресија

Сподели со своите пријатели

Меѓу факторите кои водат до силна депресија на работното место се:

– Неспособност сами да ја контролирате работата;
– Недостаток на физичка активност во текот на работата;
– Конфликти во канцеларијата или лични семејни проблеми;
– Поставување на многу напори во замена за неважна или никаква награда.

Цигарите предизвикуваат депресија, наместо да смируваат

Loading...

Професиите кои доведуваат до високи нивоа на депресија, често пати се од индустријата на услуги, пишува Psy Blog.

Вработените во овој сектор секојдневно треба да водат, понекогаш не многу лесна и пријатна, комуникација со луѓе со различен карактер и манири. Тоа предизвикува стрес и напнатост, кои од друга страна го зголемуваат чувството на депресија.

Тука спаѓаат социјални работници; келнери и бармени; брокери на недвижности, возачи.

Камилицата го намалува стресот

Друг фактор се еднообразни реплики и активности кои некои се принудени да ги изговараат и вршат на работното место.

Замислете дека сте благајник во голема продавница и треба да се смеете и велите “Здраво” на повеќе од 1.000 лица на ден. Ова води до емоционална исцрпеност.
Луѓето подложени на стрес на работното место, имаат можност да научат да го надминат, ако се грижат за себе и имаат поддршка од блиските и семејството, смета американскиот психолог Дебора Лег.