Продолжува судскиот процес и сведочење за настаните во Диво Насеље

Сподели со своите пријатели

Во Врховниот суд во Скопје денес ќе продолжи судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановската Дива населба кога пред Судскиот совет се очекува да сведочат полицајци кои учествуваа во акцијата.

На претходните рочишта обвинетите се изјаснија дека се невини и одбраната побара случајот да биде преземен од Специјалното јавно обвинителство, на кое барање, надлежниот судија одговори дека предметот ќе биде предаден на СЈО доколку оттаму пристигне такво барање.

Обвинителството тврди дека нападот во Дива населба бил добро организиран, а обвинетите настапиле со директна умисла.

На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили, при што загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.