Продолжете им го рокот на траење на јагодите

Сподели со своите пријатели

Ретки се оние кои не го сакаат слаткиот вкус на јагодите, но проблемот е во тоа што тие брзо ја губат свежината. Дознајте како да ја сочувате подолго нивната свежина.

Со потоплата сезона ни пристигаат и вкусните плодови кои сите ги сакаат: јагоди, цреши, грозје, лубеници, дињи,… Но, проблемот е тоа што овие плодови кратко траат, брзо ја губат свежината и ги го скусуваат уживањето во нивните вкусови.

Сепак, постои начин како да ја зачувате свежината на јагодите. За почеток, направете мешавина од јаболков оцет и вода во размер 1:10.

Потопете ги јагодите во овој раствор и оставете ги неколку минути, потоа измијте ги, исцедете ги и префрлете ги на чиста кујнска крпа за да се исушат колку што е можно подобро.

Потоа ставете ги јагодите во фрижидер. После ваквиот третман вашето омилено овошје би требало да остане свежо и до две недели.