Продолжено гласањето во едно избирачко место во Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Во избирачкото место 0951 во Крива Паланка поради технички проблеми гласањето ќе биде продолжено за еден час, информираат од ОИК.

– Во избирачкото место 0951 каде гласаат жителите на населба Баглак е констатиран технички проблем, две ливчиња за градоначалник се повеќе, па поради тоа имаше прекин во гласањето од еден час, за колку што и ќе биде продолжено времето за гласање. Извршивме увид како општинска изборна комисија, гласањето се одвива непречено, а известена е и ДИК, информира Душко Арсовски,претседател на ОИК Крива Паланка.

На ова избирачко место гласањето ќе трае до 20 часот, а во избирачкиот список се регистрирани 901 гласач за им 0951.

Извор: МИА

Loading...