Пристигнува Sony Xperia Z5 (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Sony Mobile ќе се обиде со сите сили да се наметне кај корисниците како најдобриот бренд кога е во прашање камерата и за Sony Xperia Z5 е планиран сензор од рекордни 30 мегапиксели што ќе биде мал, но значаен напредок, бидејќи голем дел од конкурентите се уште заостануваат со 16 мегапикселни камери.

Loading...

[huge_it_gallery id=”179″]

Што се однесува до останатите спецификации на овој мобилен уред, тој ќе има RAM меморија од 4GB, екран со 5,5 инчи и способност за емитување и снимање на видео во 4К резолуција. Процесорот пак ќе биде 3,2GHz Octa Core 64bit Qualcomm со основна камера од 30 мегапиксели со G+ сензори, како и предна камера од 10 мегапиксели со детектор за лице. Внатрешната меморија на телефонот ќе има невројани 128 гигабајти, а батерија од 4500 mAh.

Освен што ќе може да емитува и да снима видео со најновата 4К резолуција, овој мобилент елефон ќе има сензори за отпечатоци од прст, сензори за очи, но и сензори за гравитација.

Презентацијата на овој мобилен уред е закажана за 2ри септември, а неговата цена е неверојатни 1000 долари.