Пристигнува ново засилување во Манчестер Јунајтед

Сподели со своите пријатели

Во Манчестер конечно се завршија работите, секако во корист на Мурињо.

Како што пишува “AS” во наредните 48 часа Алваро Мората ќе стане новиот фудбалер на Манчестер Јунајтед.

За шпанскиот напаѓач “Црвените ѓаволи” ќе одвојат околу 80 милиони евра и Мората ќе биде второто засилување на Манчестер оваа лето.

Јунајтед го најавува и третиот трансфер а тоа е Немања Матиќ,  се чека само Челзи да го потпише договорот со Бакајако па потоа ќе се реализира и овој транфер вреден около 50 милиони евра.

Но тоа не е се за оваа лето , Мурињо не се откажува од напаѓачот Иван Перишиќ, за кој што Интер  бараат 50 милиони евра.

Во секој случај после Линделоф,Мората и Матиќ секако дека ќе пристигнат уште најмалку двајца нови играчи во клубот.После тоа Мурињо ќе преговара за продажба на Дармијан кој го бараат многу италијански клубови. Но не се исклучува можноста да пристигне уште еден штопер доколку Крис Смолинг си замине од клубот .

Пишува: Стефан Младеновски