Приближувањето на долната и горната граница на крвниот притисок е опасно!

Сподели со своите пријатели

Приближувањето на горната и долната граница на крвниот притисок е состојба придружувана најчесто  со чувството на силна главоболка, вртоглавица, диспнеа и гадење.

Ако приближувањето  е во ниските вредности (80/100 или 80/90), причините најчесто се кријат во нарушениот баланс на вегетативниот нервен систем, која го регулира процесот на исхраната, дишењето, циркулацијата. Од оваа состојба вообичаено страдаат луѓето со низок крвен притисок.

Прво нешто што би можеле да направите за да ја надминете критичната состојба е да се обидете да ја подигнете горната граница со внес на течности, – кафе, чај, сок, ајран со сол.

И ова е интересно – 8 природни начини да се справите со холестеролот и високиот крвен притисок. Потоа сепак не смеете да пропуштите да се консултирате со лекар. Лекарите препорачуваат  профилактички мерки кои треба да го  спречат приближување на границите кај нискиот  крвен притисок. Најважно е да се пие доволно вода – најмалку 2 литри дневно.

Пожелно е да е топла (60-80 степени) и да се зема по малку во текот на целиот ден. Познавачите на овие состојби  советуваат еден ден во неделата да се одржува лековита диета. Прехранбениот план вклучува 1-2 килограми овошје, поделени во 4-5 порции; 2 литри топла вода или чај; варен ориз (2 чаши се варат 30 мин. во вода во сооднос 1: 2), по желба зачинети со копар, магдонос, малку сол, кари, лимонов сок.

Лесно можете да си приготвите и мешавина од која се земаат 1-2 лажици пред секој оброк. А таа е следната:

1 кг мед, 5-6 добро измиени лимони (сомелена со кората, но без семки), 15 ситно сечкани листови од индрише и 20-25 ситно мелени бадеми или семки од кајсија.

Поопасно е кога границите на крвниот притисок се приближат со високите вредности, а такви случаи се почести. Болниот не чувствува карактеристични болки.  Големото оптоварување го преземат  срцето и крвните садови, мозокот и бубрезите. Артериите би можеле да ја загубат еластичноста, садовите да станат кршливи и да се стеснат. Нема лек што може да ја спушти само  горната или само долната граница, затоа веднаш треба да се побара специјализирана медицинска помош. За да не се дозволи таква состојба, профилактички треба да се следи крвниот притисок, нивото на холестерол и состојбата на мозокот циркулацијата, пишува весникот “Сè за семејството”.