Презентирана програмата за нова Влада: Закон за јазик, решавање на кумановските настани…

Сподели со своите пријатели

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес конференција ја претстави програмата за формирање на нова Влада и порача дека ќе биде премиер за сите граѓани на Република Македонија.

Го слушнав гласот на граѓаните од улиците, ја разбирам загриженоста предизвикана од пропагандата на досегашната власт, која грчевито се бори да ја продлабочи кризата, затоа што во тоа гледа спас за себе и одговорноста што ќе следува за криминално стекнатите лични богатства. Само несериозни политичари можат да ги плашат своите граѓани со сценарија кои немаат допир со националните интереси на Република Македонија – рече Заев.

Програмата ги содржи прицнипите на предизборната програма на СДСМ, „План за живот во Македонија“, како и програмите кои се дел од новото парламентарно мнозинство.

Стратешки цели се подобар живот, развој на економијата, владењње на правото и правдата, ефикасни институции, интеграција во ЕУ и НАТО, подобрување на меѓународен углед и позиции на Република Македонија. Ветувам дека Република Македонија ќе биде држава за сите граѓани, Владата морад а сегрижи за достоинствен живот на сите граѓани, нема поделба на блиски и неблиски со власта, ќе градиме обединето општество кое ќе обезбеди внатрешна стабилност во државата помеѓу сите етнички заедници, а не тензии кои сега се потикнуваат, ќе овозможиме секој да дејствува слободно со почитување на личните слободи и права. Република Македонијаќе се развива кон членство во ЕУ и НАТО, ова е стратешки интерес на Република Македонија со што преземеме обврза за имплементирање на реформите од извештајот на ПРИБЕ и договоро од Пржино, ќе обезбедиме суштинскир еформи з апочеток на преговорите со ЕУ – рече Заев.

Најави и подобар животен стандард на граѓаните и обрзување за повисоки приходи на граѓаните. Ќе преземат мерки за зголемување на минимална плата во првите шест месеци, поддршка на домашни претпријатија, правичен даночен систем, со што оние што имаат помалку ќе плаќаат помалку давачки. Ќе бидат поддржани домашните претпријатија и стопанствениците на домашните претпријатија да ги прошират производествените капацитети со што ќе се објават нови работни места. Вети и одговорна Влада, контрола на власта, и транспарентно работење со точни информации за граѓаните. Вети транспарентна Влада и консултации со граѓанските организации и почитување на мислењето на пратениците.

Ќе обезбедиме рамномерен регионален развој, ова е голема потреба на граѓаните од сите делови на Република Македонија, кои се уште се мачат без основни улосви за живот,

Ќе ги зголемиме парите за рамномерен развој на сите плански реигони и ќе го продолжиме тој тренд за зголемување на средствата. Распределбата на парите за оштините ќе биде правична и објективна. се обврзуваме за независен правен систем. Владата ќе обезбеди независно, чесно и профеисонално судство и јавно обвинителство, партиите ќе стојат на страна, а секој судија ќе биде подложен на преиспитување на енговата работа. ќе се формира специјално одделение во чија надлежност ќе бидат предметите на СЈО – рече Заев.

Според, Заев новата Влада ќе овозможи заокружување на сите случаи на Специјалното јавно обвинителство и обврска дека процесите ќе завршат со враќање на парите кон граѓаните. Најави и контрола на следење на комуникациите, разузнавачките служби ќе имаат јасен мандат со дефинирани и ограничени задачи за целта на националните интереси.

Ќе обезбедиме собраниска конторла на безбедносните служби и никогаш да не се повтори преслушкувањето. ќе обезбедиме медиумски реформи предвидени според ЕУ стандардни и предлог за итни медиумски реформи создадени од граѓанските организации, да организираме професионални медиуми, ќе се реформира МРТ и ќе работи независно од политички влијанија – додаде Заев.

Новата Влада ќе ги расветли кумановските настани од мај 2015 и откривање на вистината со меѓународна поддршка за потполна доверба во резултатите од истрагата, а надлежното министерство ќе даде целосна поддршка за предметите Сопот, Бродец, смртта на Мартин Нешковски и Никола Младенов и случајот „Монструм“.

Најави јазична политика согласно потребите на граѓаните за проширување на употребата на албанскиот јазик, а законот ќе гарантира соодветна употреба на македонски јазик и други јазици на службена употреба на единици на локална самоуправа.

Лага е дека сите ќе мора да учат некој јазик, албански, турски или кој било друг, а оние кои нема да го знаат ќе плаќаат казна. Казнените одредби постојат и сега, како што постојат и за сите други закони, а се однесуваат на институциите кои нема да обезбедат почитување на Уставот и законок. Институциите ќе оебзбедат употреба на македонски јазик и кирилично писмо и комуникација на албански јазик кај граѓанинот Албанец ќе има потреба од тоа – додаде Заев.

Најави дека политичарите ќе поднесат одговорност за несовесно работење, а граѓаните ќе имаат контрола во општеството.

Евентуална употреба на банкноти на друг јазик е спротивно со Уставот, основен принцип е стандардизирана униформа за полицијата и војската, правење разлики на униформата не е во согласност со уставните определби, но оставеме простор за дебата за сите предлози – рече Заев.

Кадровсктие решенија не се договарани, па шпекулациите за албански претседал на Собранието не е договорен, рече Заев, но најави дека нема предрасуди за националната припадност за лицето која ќе ја врши функцијата.

Лидерот на СДСМ вели дека со презентирање на програмата наместо во Собрание, во седиштето на СДСМ има цел да го разувери Иванов дека нема платформи на други држави, туку програма за идна Влада. За следната недела според Заев ќе се разговара со политичките партнери за избор на претседал на Собанието кој ќе побара можност за формирање нова Влада во уставниот рок од 10 дена.