Превезувал мигранти па излетал од патот, Пакистанец тешко повреден

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 23.45 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје кај с.Никуштак, во близина на месност викана „Ѓубриште“ се случила сообраќајна незгода во која возило „Опел Вектра“ управувано од непознат возач во кое се превезувале осум пакистански државјани, излетало од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил палестинскиот државјанин А.М.(33), а кај останатите се уште не е утврден карактерот на повредите. Сите пакистански државјани се пренесени и задржани во Ургентен центар-Куманово.Увид на лице место извршилеа екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово.