Претставен планот за надминување на загадувањето во Куманово

Сподели со своите пријатели

Работна група составена од преставници на Секторот за урбанизам и инспекциски надзор, ЈП „Чистота и зеленило“, Центар за јавно здравје и претставник од невладиниот сектор денеска ги претставија мерките со кои ќе се изработи план за надминување на загадувањето на амбиенталниот воздух во Општина Куманово.

Групата утврдила дека респираторните заболувања се меѓу водечките незаразни заболувања во Општина Куманово, а во периодот од 2010 до 2015 година нема посебни отстапувања во морбидитет како последица на неспецифични респираторни заболувања, освен во 2015 година кога бројката била малку зголемена.

Во последните пет години скоро двојно бил зголемен бројот на регистрирани возила на подрачјето на Општина Куманово, односно ако во 2012 година бројот на регисрирани возила изнесувал 18.771, минатата година бил за 7.926 поголем, односно биле регистрирани вкупно 26.697.

Во делот за препораки за урбанистичката служба работната група утврдила дека при изработка на планска урбанистика документација задолжително треба да се предвиди процент на озеленување на сите градби при издавање на детален урбанистички план и да се дефинира задолжителен процент на зеленило.

Општинската служба да изработи процедура за начин на издавање на одобрение за сечење, кастрење на дрвја и задолжително обновување на исечените дрвја.

Да се лоцираат земјени површини во централното градско подрачје кои ќе бидат завршно обработени, реални површини кои ги има на неколку локации со цел да се спречи ерозија која постои по секоја падавина и навлегува во сообраќајници и од тоа се создава прашина.

Согласно планската документација се препорачува воведување на пешачки зони во централното градско подрачје, односно озеленување на делови покрај тие улици, поставување клуби, висечки цветни аранжмани и каделабри.

Сообраќајни површини оставени како земјени површини да се лоцираати да се изврши озеленување.

Да се изготви катастар на загадувачи и тоа во периодот 2017-2018.

Дефинирање на зелени површини предвидени согласно деталниот урбанистички ДУП и ГУП со препораки за споменик Костурница, зад стадионот, пензинорески дом, околу градските гробишта, односно површина која ја зафаќаат како и процентот од вкупната површина од ГУП која ја зафаќаат со цел преземање на акции за засадување на нови садници на локациите.

Во делот за препораки за комуналните активности се препорачува во периодот мај-октомври миење на улици и чистење на атмосферски улични шахти, формирање на оџачарска служба која редовно ќе ги одржува оџаците.

Препорака до ЈП „Чистота и зеленило“ редово да го чисти сметот на јавните површини и контејнерите и поактивно да се вкучат комуналните инспектори со цел да се спречи палење на отпадот во контејнерите затоа што тоа се најканцерогените материи.

Од областа на сообраќајот се препорачува да се изврши мење на проток на автомобили кои поминуваат за одреден временски период на најфрекфентните раскрсници за да се види среднодневната фрекфенција на втомобили итоа да се прави четири пати во текот на годината, а за истото да се опредени буџет од 10.000 денари.

Советот на општината да донесе одлука за бесплатен автобуски превоз доколку се надмине праго на алармирање, да се направи ревизија на еднонасочен сообраќај, да се открие каде има тесни грла, да се видат критични точки и да се направи предлог за ново еднонасочно движење и да се види можноста за воведување на пешачки зони.

Планот предвидува и субвенционирање на домаќинства кои ќе преминат од греење на дрва во греење на гас или пелети, субвенционирање за абавка на сончеви колектори и ПВЦ прозорци, намалувањена комунални такси доколку при градба се применуваат мерки за енергетска зависност, како и набавка на велосипеди, одбележување на велосипедски патеки и промоција во возење на велоспиед.

Работната група издала и препораки за мониторинг, односно да се изврши мерење на загаденост на воздух преку распишување на тендер за избор на фирма која е акредитирана да изврши такво мење во густо населени места – згради, ретко населени места – куќи, индустриски зони и сообраќајници, односно улици и булевари и тоа во октомвир годинава.

Да се засилат контролите на инспекциските служби при гардба за да се види состојбата со зелени површини, додека пак комуналните инспекции во соработка со овластен инспектор за животна средина, СВР Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“ да спроведе акција за откривање на локации каде се палат гуми и да се одземат истите.

Шестиот дел од планот со препораки е за јакење на јавната свест, односно во периодкот септември – декември да се одржат предавања по училиштата за влијанието на загадувањето на воздухот врз здравјето на луѓето, но и да се организира награден конкурс за најуредена зелена површина и двор за колективни стамбени згради и индивидуални домови, по повот денот на екологијата, за што треба да биде издвоен буџет од 50.000 денари.

 

Loading...