Претставата „Ревизор“ премиерно во кумановскиот театар (видео)

Сподели со своите пријатели

Претставата „Ревизор“ во среда премиерно ќе биде изведена на сцената на кумановсиот театар, според тест на Николај Васиљевич Гогољ, а во режија на Андреј Цветановски.

По тој повод денеска дел од актерската екипа на Театар Куманово одржаа прес конференција на која ги соопштија деталите за претставата, но и за она што граѓаните на Куманово ќе имаат можност да го гледаат на „даските што живот значат“.

За прв пат работам во Народниот театар во Куманово, но навистина тука има една одлична млада екипа, секако поткрепена со искусни борци. Има една прекрасна атмосфера, одлична енергија, луѓето се сплотени и навистина иако работевме релативно краток период за класика тестк, успеавме да стигнеме до крајот на ова наше патување и анвистина сум среќен и задоволен што имав шанса да работам со вакви прекраасни глумци и ваква прекрасна сплотена екипа – Андреј Цветаковски, режисер на претставата.

Loading...

 

„Ревизор“ зборува за малограѓанството, но не како географска одредница туку како состојба на духот. Зборува за стравот од нешто повисоко, за лесноумноста и на државата и на луѓето кои се поставени од неа да воспостават ред и мир. Гротеска за односот на граѓаните кон власта и нивниот страв кој ја става власта на пиедестал на божество, кое не секогаш се однесува така.

После пауза од две години на сцената на кумановскиот театар повторно ќе зачекори актерот Мирослав Петковиќ, кој овој пат ќе се најде во улогата на судијата Лјапкин – Тјапкин.

Имав трема на почетокот, не беше лесно, но некако излегов од таа криза и мислам дека успеавме да направиме и добра претстава и јас упсеав да направам добар лик се надевам. Јас го играм ликот на судијата Лјапкин – Тјапкин и тоа е типичен денешен човек и типичен денешен службеник – вели Петковиќ.

 

Во претставата свој лик ќе има и актерот Горан Илиќ, кој ќе се најде во улога на градоначалникот Антон Антонович Дмухановски.

Ретко кога посегнувам по тоа што го имам андвор околу, не сум тип на глумци кој бара некакви модели надвор од себе, најчесто тоа го барам во себе. Ма да знаете толку многу сме преокупирани со политика, па сакаш нејќеш гледаш некакви модели на градоначалници, бидејќи толку многу се актуелни, толку многу случки прават и толку многу материјал кој едноставно сам ти паѓа некако и влегуваш многу полесно во суштината на тоа што се вика власт, на тоа што се вика моќ, на нивни стравови, на нивни инфалтивности, недораснатости, а и овој градоначалник е таков – вели Илиќ.

 

Александра Михајловска во претставата ќе игра ќерка на Горан Илиќ, односно ќерка на градоначалникот преку ликот на Марија Антоновна.

Втор пат работам со Андреј за многу краток период и по втор пат уживам во процесот кој што се случува затоа што со многу голема леснотија работевме на така значајно дело како што е „Ревизор“ – изјави Михајловска која нагласи дека ужива во претставата.

 

Loading...

Претставата ќе започне во 20 часот, а веќе за четврток е закажана и првата реприза.