Претежно сончево време со температури до 14 степени

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата ноќ насекаде во земјава времето беше ведро и постудено. Утринава во поголемиот дел од земјава преовладува сончево и постудено време со мала до умерена локална облачност која повеќе е застапена во југоисточните и источните делови, а во Гевгелискиот регион има зголемена облачност. Постудено е на повисоките места во источните делови и по котлините. По одделни котлини има појава на слаба магла, а на некои повисоки места во источните делови има магла со намалена видливост до 50 метри. Дува слаб ветер претежно од јужен правец кој повеќе е изразен на повисоките места и планините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Сончево со мала до умерена локална облачност и со појава на утринска магла по одделни котлини ќе биде времето и во текот на фрнот. Ќе дува слаб ветер од јужен, а во западните делови повремено умерен од западен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 9 до 14 степени.

По облачното утро, во текот на денот во Куманово и околината ќе преовладува претежно сончево време со температура до 9 степени.

И утре по котлините ќе има услови за појава на утринска магла. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои во недела на места ќе бидат со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе преовладува релативно топло време, благо опаѓање на дневните температури ќе има во недела и понеделник.