Премиерот Заев се сретна со претседателот на Генералното собрание на ОН, Лајчак

Сподели со своите пријатели

Во рамки на активностите на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, премиерот Зоран Заев се сретна со претседателот на Генералното собрание на ОН, Мирослав Лајчак.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се дискутирало за ситуацијата на Западен Балкан, но и за промените кои се подготвуваат во ОН.

Премиерот Заев изразил целосна поддршка на приоритетите предвидени за мандатот на претседателот на Генералното собрание на ОН, Лајчак и заедно ги истакнале мултилатерализмот и превентивната дипломатија како најдобри методи за решавање на разликите меѓу државите и народите.

Извор: МИА

Loading...