Прекумерно земање на антибиотици ќе го ”сотре” светот

Сподели со своите пријатели

И покрај тоа што сè повеќе расте на бројот на заболени од различни видови рак, дијабетес, срцеви заболувања, ништо од ова не претставува голема закана за човештвото како проблемот кој ни се заканува поради нашата сопствена невнимателност.

Loading...

Верувале или не, последиците од денешната прекумерна (зло)употреба на антибиотиците ќе не доведе до отпорност на овој вид на лекови, и тоа ќе биде првата причина за најголемиот број смртни случаи во светот до 2050 година.

Ќе умираме од доскорешните излечливи бактериски инфекции, како зараза со клепсијел, ешерихија коли и стафилококи, но и од туберкулоза, па дури и најобична настинка.

Група научници која е ангажирана од страна на британската влада, тврди дека резистентноста на антибиотиците до 2050 година ќе ги премине малигните заболувања, кои денеска се главен извор на смртта во светот.

Како што се наведува, поради отпорноста на антибиотиците годишно на глобално ниво страдаат на 10 милиони луѓе, најмногу во Азија и Африка. За Европа, авторите на студиите очекуваат дека отпорноста на нови лекови ќе биде причина за смрт во околу 390 илјади случаи, додека 317 илјади во САД.

Канцерот, како втор извор на смрт од 2050 година, годишно ќе изнесува 8,2 милиони луѓе, шеќерната болест 1,5 милиони, дијареја 1,4 милиони и несреќи на патиштата 1,2 милиони – предвидуваат експертите.

Во студијата се прецизира дека во наредните 35 дена, поради отпорноста на антибиотиците, во светот прерано ќе умрат околу 300 милиони луѓе, додека денес поради истата причина годишно живото го губат 700.000 луѓе, од кои 50 илјади во Европа и САД.

Студијата понатаму открива дека светската потрошувачка пораснала за 40% во периодот измеѓу 2000 и 2010 година.

Loading...