Пратеникот Максим Димитриевски ја поддржа иницијативата за законот за лица со попреченост (фото)

Сподели со своите пријатели

Пратеникот од редовите на СДСМ во Собранието на Република Македонија денеска во Куманово ја потпиша иницијативата на здружението „Инклузива“ и дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, а со која се бараат измени во законот со кои ќе се овозможат подобри услови за живот на лицата со пречки во развој, но и нивните семејства.

Пратеникот Димитриевски од Куманово порача дека е подготвен да застане во поддршка за донесување на законот што им го вети и на здруженијата кои денеска ќе се обидат да соберат доволен број потписи за законот да влезе во собраниска процедура.

Наша обврска е како ѓраѓани да ја подржиме оваа иницијагива во целост а тоа ќе го сториме и во законодавниот дом. Заедно мора да ја промениме државата да биде достапна на сите ѓраѓани вклучувајќи ја и оваа категорија на наши соѓраѓани. Апелирам до сите да ја поддржат иницијативата со која ќе дадеме еднакви можности на сите во општеството – рече Димитриевски

Инаку денеска до 17 часот на градскиот плоштад сите граѓани ќе можат да се потпишат на иницијативата за која се потребни 10.000 потписи за влез во законска процедура. До денеска на пладне се соберени вкупно 6.000 потписи, а само за еден час во Куманово ја потпишаа над 150 граѓани.

 

Loading...