Познати дел од имињата кои ќе настапат на „Пивофест 2017“

Сподели со своите пријатели

По 15-ти пат ќе заблеска фестивалската сцена во Прилеп. Фестивалот на скарата и пивото и оваа година ќе биде намасовното случување во Македонија. Организаторите и општина Прилеп работат напорно на подготовките за уште едно одлично издание на “Пиво Фест”, манифестација која во изминатите години го издигна Прилеп на главно скалило, кога се во прашање фестивалските случувања во нашата држава.

До сега се познати неколку имиња кои ќе настапат на сцената во Прилеп, а тоа се: “Амадеус Бенд”, ѕвездата на популарната екс ЈУ група “Бијело Дугме” Aлен Исламовиќ, домашните “Нокаут” и  “Eye Cue”, мегапопуларната реге ѕвезда Дон Минот и хрватската поп-панк група “Психомодо Поп”.

Секако за љубителите на фестивалот главна атракција до сега се гостите од соседството “Амадеус Бенд” и Aлен Исламовиќ.