Пожарникарите спасија дете да не падне од зграда во Куманово

Сподели со своите пријатели

Екипа на Територијална противпожарна служба денеска претпладне во Куманово успеаа да спаси 12-годишно девојче да не падне од втор кат  од  балкон на зграда.

Според информациите од дежурната служба на пожарникарите детето било само дома, слушнало тропање на вратите и се исплашило дека е крадец. Исплашено тргнало да скокне од балконот од вториот кат. Откако видело дека е високо застанало на жиците за сушење и само не можело да се врати. По интервенцијата на пожарникарите детето е спасено и е добро.

Во интервенцијата учествувале 4 пожарникари.

Leave a Reply