Пожар во угостителски објект во Куманово (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Угостителски објект лоциран сротив кумановската Општа болница доцна вечерва нешто пред 23 часот беше зафатен од пожар. Неколку пожарникари со едно противпожарно возило веднаш биле упатени на местото на несреќата и започнале со локализирање на огнот.

Не е позната причината за настанувањето, но според неофицијални информации од случајните минувачи пет секунди пред да избувне огнот од угостителскиот објект излегол човек кој во рацете носел голема плинска боца, најверојатно во обид да спречи поголема катастрофа.

Подетални информации во текот на утрешниот ден.

Loading...