Пожар во Генералштабот на АРМ и објект на Министерството за одбрана

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 17,00 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека на ул.„Орце Николов“ поточно во објектот на Министерство за Одбрана и Генералштабот на АРМ, поради дефект во електрична инсталација во зградата настанал пожар, при што бил зафатен и дел од покривната конструкција, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пожарот бил изгаснат од екипа на БППЗ. Повредени лица нема, а материјална штета дополнително ќе биде утврдена.