Пожар проголта куќа во село М’глинце

loading...

Пожар вчеа околу 13:55 часот избувнал во селото М’глинце во Општина Старо Нагоричане, кој проголта една куќа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Огнените јазици првин се обиделе да ги изгаснат екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово, заедно со нивните колеги од ТППЕ Старо Нагоричане, но поради лошата конфигурација на теренот, а и недостаток од мрежа екипите имале потешкотии да го изгаснат пожарот.

Вчеравечер во 21:40 часот четворица пожарникари од Куманово и тројца од Старо Нагоричане, со две противпожарни возила започнале интервенција за локализирање на огнените јазици, меѓутоа тие ја проголтале куќата.

Висината на материјалната штета и причините кои довеле до избувнување на пожарот засега се непознати.

фото: архива


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments