Пожар на непристапен терен во селото Матејче

Сподели со своите пријатели

Вчервачер во 18:05 часот припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово излегле на интервенција по претходно добиен повик за запалена сува трева во атарот на селото Матејче, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Со едно против пожарно возило и тројца пожарникари екипата поради непристапниот терен на местото на настанет не успеала да пристигне и да интервенира, па во 21 часот се вратиле назад, а од страна на РЦУК биле известени вработените во Шумско стопанство Куманово, како и подрчното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување.

Станува збор за пожар во месноста викана Попова рама, каде горат гранки од исечени дрва со површина од четири до пет хектари.

 

Loading...