Пожар на грчкиот остров Китера: Евакуирани манастир и четири села

Сподели со своите пријатели

Пожарот на островот Китера на југот на Грција и натаму не стивнува, поради што се евакуирани еден манастир и четири села.

Евакуиран е манастирот Миртидион кој се наоѓа на запдниот дел на островот, јавува грчката агенција АНА.

Пожарот, кој избувнал во петок наутро, тешко се контролира поради силниот ветер и непристапниот терен.

Во гаснењето биле ангажирани 200 пожарникари, а нагажирани се и расположливите авиони и хеликоптери за гаснење од воздух, пренесува АП.

Засега не е оштетена ниту една куќа, но уништени се 1.500 хектари шума и земјоделско земјиште.

Како се наведува, последните 36 часа, повеќе од 40 шумски пожари се регистрирани низ цела Грција.