Пожар избувна во старата зграда на Општина Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Пожар доцна попладнево избувна во т.н. „Касапски круг“ во центарот на Куманово, односно старата зграда на Општина Куманово.

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица Куманово, пожарот избувнал некаде околу 16 часот по што противпожарните екипи вендаш излегле на терен и започнале со интервенција. Огнот засега е ставен под контрола, но поради староста на објектот не може да го напуштат во текот на ноќта, поради опасност пламените јазици повторно да се разгорат.

 

Loading...

 

Според неофицијални информации, до пожарот дошло откако се запалил оџак од скара на ресторан лоциран во месноста „Касапски круг“. Вработените веднаш биле евакуирани навреме. На терен се и екипи на Итната медицинска помош, а целиот центар на Куманово е обвиен во густ црн чад.

 

 

Во зградата се сместени простории на општина Куманово, но и неколку угостителски објекти. Службите се уште се на терен и повеќе информации најавуваат за подоцна.