Повредени пратеници, истрел во Собранието, нападнати и новинари

Сподели со своите пријатели

Според досегашните информации протестантите кои влегоа во собраниската прес сала ги повредиле пратениците Максим Димитриевски и Дамјан Манчевски, како и лидерот на СДСМ, Зоран Заев и Зијадин Села.

 

Loading...

Бил слушнат истрел од огнено оружје во Собранието, новинарите се заробени и дел од нив јавуваат дека се нападнати и спречени во вршењето на својата должност. Министерот за внатрешни работи не е достапен, полициското присуство е минимално и никој не ја гарантира безбедноста ниту на пратениците, ниту на новинарите.

Нејасно е зошто дел од оние кои влегоа во собранието се со фантомка покрај полициското обезбедување.

Телевизија Телма јавува дека нивната екипа била нападната, искршен бил микрофонот на новинарот Боби Христов, а била оштетена и нивната камера. Тамара Чаусидис од Синдикатот на новинари упати апел организаторите на протестот да обезбедат услови на новинарските екипи да работат и никој да не ги напаѓа.