13.02.2018 21:54

Повисоки субвенции за тутунот


На денешната седница владата ги разгледа и ги усвои изменувањата и дополнувањата на Уредбата за критериуми за субвенционирањето на тутунот.

Со измените во уредбата, почнувајќи од реколтата 2017 година, тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции со што директно се стимулира производството на квалитетен тутун. Одлуката се однесува на целокупната количина тутун според категориите и типовите опфатени со уредбата.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments