ПОВЕЌЕ НЕМА КРИЕЊЕ: Инстаграм воведе нови промени

Сподели со своите пријатели

Популарната социјална мрежа Инстаграм продолжува да ја развива својата секција за размена на пораки, а сега има и нова можност која одамна е присутна на популарните апликации Facebook Messenger и WhatsApp.

Имено, корисниците сега можат да видат кога последен пат била активна личноста со која сте се допишувале.

Новата опција под името Show Activity Status по „дифолт“ е уклучено, но можете да ја исклучите во секцијата „Settings“.

 

Loading...

 

Ако ја исклучите ова аопција, тогаш и вие нема да можете да го видите статусот на другите, односно кога последен пат ја користеле апликацијата.

Можно е социјалната мрежа само да тестира ваква опција на одреден број корисници, но факт е дека е веќе достапна на одредени корисници на iOS и Android уредите.

Важно е да се напомене дека нема сите ваши следбеници да бидат кога последен пат сте ја користеле апликацијата. Таа привилегија ќе ја имаат само оние со кои сте разменувале директни пораки.