Повеќе населени места низ кумановско без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Во период од 08:00 до 16:00 часот без електрична енергија ќе останат селата: Черкезе, Ропаљце, Лубодраг, Умин дол и Лукаре, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 08:30 до 15:00 часот прекини во снабдувањето ќе има на дел од улиците “Дојранска“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Киро Фетак“, „Белградска“, „1 ви Мај“, „Вера Ц.Трена“, „Сава Ковачевич“, и „Ристовацдел“,

Во период од 10:00 до 13:00 часот прекини се најавени за дел од населбата Тромеѓа.

Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во електро дистрибутивната мрежа со цел подобрување на услугата кон корисниците.

 

Loading...