Повеќе локации во кумановско утре без струја

Сподели со своите пријатели

Во период од 08:30 до 16:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Народна револуција“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Прекини на електричната енергија ќе има и во селата Умин дол, Глажња ,Ропаљце, Љубодраг,Черкезе и населбата Железничка станица во периот од 08:00 до 16:00 часот.

Станува збор за најавени прекини на електричната енергија од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во мрежата.