Повеќе кумановски села без електрична енергија

loading...

Повеќе села од кумановскиот регион и регионот на Општина Старо Нагоричане моментално се без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за селата Жегљане, Челопек, Никуљане, Младо Нагоричане, Старо Нагоричане, Драгоманце, Пелинце и Коинце.

Причина за прекидот на снабдувањето е дефект во мрежата, а екипите на ЕВН Македонија се на терен и работат на отстранување на истиот.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments