ПОТСЕТЕТЕ СЕ НА МЛАДОСТА: 10 најгледани реклами во СФРЈ (видео)

Сподели со своите пријатели

Дали се сеќавате на рекламите за чорапите Ударник, Киндерлада, пеперминт бомбоните или реклама за рибата „Ева“? Еве мало потсетување за сите југоносталгичари на кои овие реклами ќе им измамат насмевка на лицето.

Во далечната 1982 година Ана Сасо била избрана за Мис Југославија, а година дена потоа била снимена рекламата за газираниот сок „Пипи“, по што го осигурала статусот на секс симбол.

Многумина од вас се сеќаваат на „моќната“ крпа која брише се. Крпата „Типи-топи“ била прва од „магичните“ крпи кои ги преплавиле пазарите во Екс Ју.

Дали се сеќавате за рекламите за чорапи „Ударник“ во која се појавува легендарниот фудбалер Роберт Просинечки?

Реклама за водата „Раденска“ потсетува дека оваа минерална вода се пиеше од Вардар до Триглав.

Секси рекламата за градникот кој на сите жени им гарантираше дека градите секогаш ќе им изгледаат како што треба.

Легендарниот автомобил „Застава 101“ или познат како „Стоеден“ бил познат автомобил во кој можело да стане се и сешто, а во оваа реклама да се движи без возач.

Доволно е само да се каже – „Пеперминт бомбони“

Популарната нимирана реклама за рибата „Ева“.

Интересната реклама за „Краш“ бомбоните.

Нема дете кое не сакаше „Киндерлада“.