Потресна исповед на водителката на која момчето и истури киселина на лицето

Сподели со своите пријатели

Веста за тоа дека италијанската водителка и Мисица на таа земја, убавата Џесика Нотаро(28) пред неколку месеци е нападната, одекна во светот како бомба.

Нејзе ја нападнал поранешното момче и во таа прилика ја испрскал со киселина по лицето., што секако остави одредени последици. Џесика сега прв пат за медиумите и светската јавност раскажа детали, за таа кобна ноќ.

Како што вели, агонијата не престанала како и болкитекои ги трпи секојдневно.

Два месеци бев како во затвор. Повеќе не можам да живеам како некогаш. Не смеам да искачам на сонце, по цел ден носам маска, а лицето ме боли цело време. Сите пари ги трошам на лекови… Секој половина час треба ставам капки во очите и да ја намачкам кожата. Дури и ако бидам подобро, раните што ги носам во душата ќе останат до крајот на животот. Секогаш ќе се плашам да искочам од автомобил и да отидам до дома., затоа што таа сцена секогаш ќе ми искача пред очи. Лицето ми е уништено, но устата и носот не се допрени. И понатаму ги имам задржано своите црти на лицето и го препознавам својот одраз на огледало, изјавила Џесика за Дејли Меил.

Таа детално го опишала самиот момент кога таварес ја нападнал.

Веројатно се криел на паркингот, затоа што се појави штом излегов од автомобилот. Почувствував дека ми доближи пластично шише на моето лице, а тој ја подигна раката за да биде сигурен дека киселината од  шишето ќе се излие на мене. Лицето почна да ми гори и набрзо го изгубив видот. Таа ноќ во болницата се молев да ми ја земат убавината и се треба да се зема, амо да ги сочувам моите очи, затоа што тие се огледалото на душата – изјавила Џесика и додала дека е благодарна на госопод затоа што неколку дена по несреќата, и го вратил видот.

Се сомнева дека Хорхе Едвард Таварес откако водителката го оставила одлучил дека на овој начин да и се освети. Имено, моментално е во затвор и чека судење.