Постепен пораст на утринските и дневните температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе сонце ќе има во централните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, само вдолж Повардарието ветерот повремено ќе засилува. Температурата во интервал од 9 до 17 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска конечно ќе имаме малку повеќе сонце. Ќе преовладува претежно сончево до умерено облачно време со засилен ветер од источен, односно североисточен правец. Максималната дневна темепратура ќе достигне до 12 степени целзусови, додека во текот на ноќта ќе се спушти до 2 степени.

Во следниве денови утринските температури полека ќе се покачуваат, а во вторник наутро се очекуваат позитивни утрински насекаде. Северниот ветер ќе продолжи да дува и за викендот, а повторно ќе засилува и тоа на север, по Повардарието и кон исток во недела. Во недела попладне ќе се зголемува облачноста и ќе има услови за слаб краткотраен дожд, на планините од слаб снег преку ноќта. Дневните температури од недела брзо ќе се покачат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела, тие ќе се надминуваат 20 степени пред се на југоистокот.