Поставени унифицирани тезги на градскиот плоштад во Куманово за новогодишниот базар

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово постави дел од унифицираните мини тезги на градскиот плоштад пред Центарот за култура. Дел веќе се закупени од заинтересирани трговци кои нудат новогодишни украси, честитки за граѓаните.

Претходно, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, инфорираше дека општината во соработка со ЈП „Пазаришта“ ќе организираат новогодишен базар на кој заинтересираните закупци ќе имаат можност да закупат мини барака на која ќе можат да ги понудат своите производи во пресрет на празниците. Општината, пред неколку години набави 25 унифицирани мали мобилни тезги, а заедно со здружнието на угостители ќе набави дополнителни десет.

Претходната недела, инспекциските служби ги отстранија диво поставените ипмпровизирани тезги, кои беа поставени на оваа локација. Со поставените мини бараки заинтересираните закупци имаат мкожност, уредно и на модерен начин преку времени објекти, куќички во кои ќе се врши продажба на новогодишни производи, украси, сувенири, честитики итн.

Извор: МИА

Loading...