Порталот Факултети ги објави целосните резултати од анкетата на идните студенти

Сподели со своите пријатели

Во обид да дознаат зошто средношколците, односно матурантите, сакаат да се запишат на факултет и кои се нивните планови во врска со студирањето, порталот Факултети.мк спроведе анкета со повеќе прашања поврзани со запишувањето факултет и студирањето.

Loading...

На анкетата одговориле 446 идни студенти, со следниве резултати:

Зошто тие сакаат да студираат?

1.За да се здобијам со повеќе знаење во областа што ме интересира;
2. Со диплома имам повеќе можности во странство;
3. Моето семејство го очекува тоа од мене;
4. Со диплома полесно е да се најде работа;
5. Не знам што друго би правел/а после средното образование;
6. Не сакам да се вработам веднаш, подобро е да студирам.

Според резултатите од анкетата, најголем дел од идните студенти се запишуваат на факултет за знаењето (34%). Потоа, голем број студенти сметаат дека дипломата полесно ќе им донесе вработување (27%), а значаен дел од нив го прават тоа поради семејството (18%).

Броевите се разликуваат многу во однос на одговорите на истото прашање од страна на матурантите пред две години. Имено, тогаш дури 80% од идните студенти сакале да студираат за да се здобијат со повеќе знаење во областа што ги интересира.

Голем дел од матурантите веќе знаат каде ќе го продолжат своето образование, а дел од нив знаат и на кој факултет. Ова го дознаваме од резултатите од анкетата. На прашањето „Дали сте одлучиле што сакате да студирате?“, студентите требаше да одговараат:

1. Да, се одлучив;
2. Се двоумам помеѓу две или три области;
3. Се уште немам идеја.

Како што гледаме, матурантите се поделени. Малку повеќе идни студенти веќе знаат што сакаат да студираат (48%), а најмал број сè уште немаат ниту идеја за насоката на која би се запишале. Забележуваме разлики во однос на резултатите од истата анкета направена пред две години, кога дури 77% од идните студенти знаеле што ќе студираат во истиот период од годината.

Loading...

Во моментов, дел од студентите веќе знаат што ќе студираат. Како стигнале до таа одлука? Дознаваме од резултатите од анкетата. Во неа учествуваа речиси 500 идни студенти од земјава. Тие беа прашани како се одлучиле што да студираат:

1. Ги следев своите интереси;
2. Проценив што може да биде најисплатливо;
3. Таму каде што ќе биде поголемиот дел од друштвото;
4. Моменталната финансиска состојба беше главниот фактор;
5. Одлуката ја донесов на друг начин. Како?

Овде најголем дел од студентите ги следеле сопствените интереси во изборот на факултетот (60%), а голем дел од нив (30%) се запишуваат на одреден смер поради исплатливоста.

„Се двоумев помеѓу две области што ме интересираат и конечната одлука ја донесов според тоа што ми е поисплатливо.“

„Проценив што од она што ме интересира ми е најисплатливо.“

Понекогаш, надворешните услови може да ги спречат младите да ги следат своите сништа. Така, во земјава, најголем проблем прават финансиските проблеми. Поточно, матурантите би студирале нешто што не сакаат поради финансиската состојба. Тоа го изјавиле значаен број од студентите кои учествуваа во нашата анкета за идни студенти.

Под кои услови би се согласил/а да стурираш нешто што не сакаш?

1. Поради финансиската состојба;
2. Ако ме примораат родителите на тоа;
3. Ако има подобро друштво на тој факултет;
4. Доколку значи тоа дека не мора да го напуштам родниот град;
5. Во никој случај;
6. Не сум размислувал/а за тоа.

Loading...

47% од испитаниците не размислувале за тоа, 23% од нив не би го сториле тоа во никој случај, 21% би студирале нешто што не го сакаат поради финансиската состојба, 5% поради родителите, 2% доколку тоа значи дека не мора да го напуштат родниот град, а 1% поради подобро друштво.

Голем дел од матурантите секоја година ги напуштаат своите домови за да студираат. Тоа нема да биде променето ниту оваа година. Ги прашавме идните студенти дали ќе планираат да се запишат на факултет во градот во кој живеат.

„1. Да;
2. Не, овде го нема факултетот на кој што планирам да се запишам;
3. Не, иако во мојот град има факултет. Зошто не?;
4. Ќе студирам надвор од државата;
5. Се уште не сум сигурен/на.

Најголем дел од нив нема да студираат во родниот град затоа што таму го нема факултетот на кој планираат да се запишат (47%). 33% ќе студираат во својот град, 8% ќе студираат надвор од државата, 7% не се сигурни, а 5 % не, иако во нивниот град има факултет. Зошто?

„Да осетам малку студенски живот.“

„Не ми се допаѓаат условите.“

„Бидејки сакам да ја сменам средината на живеење, и бидејки овој факуктет во мојот град е пониско рангиран.“

Дали тие размислуваат за факултет или висока школа? Приватен или државен универзитет?

Loading...

„Дали планирате да се запишете факултет или висока школа?

1. Факултет;
2. Висока школа;
3. Ќе пробам на факултет, ако не успеам тогаш ќе пробам на Висока школа;
4. Се уште не сум сигурен/на.“

92% од нив ќе се запишат на факултет, 4% на висока школа, 2% ќе пробаат на факултет, па ако не успеат ќе се запишат на висока школа, а 2% се уште не знаат.

Кога станува збор за изборот на универзитетот, поточно приватен или државен, студентите одговараа:

„Дали планирате да се запишете на приватен или државен универзитет?

1. Државен;
2. Приватен;
3. Ќе се обидам на државен, па ако не успеам ќе се запишам на приватен;
4. Ќе се обидам на приватен, па ако не успеам ќе се запишам на државен.“

Loading...

Најголем дел од нив, дури 83%, ќе се запишат на државен универзитет, а 6% на приватен. 9% ќе се обидат на државен, па доколку не успеат ќе се запишат на приватен, а 2% ќе се обидат на приватен, па доколку не успеат ќе се запишат на државен универзитет.

Што им е важно на матурантите при изборот на факултетот? На анкетата на која одговорија 446 студенти од земјава идните студенти откриваат дека им се важни професионалните наставни кадри, стекнувањето практични знаења, а најмногу можностите за вработување со дипломата. Следуваат резултатите.

Светло сино – Многу ми е важно
Портокалово – Важно ми е
Сиво – Не ми е важно
Жолто – Воопшто не ми е важно
Темно сино – Не сум размислувал/а за тоа
Професионални наставни кадри

Можности за вработување со дипломата

Loading...

Стекнување на практични знаења

Имиџот на факултетот

Loading...

Колку е тешко да се заврши факултетот

Да нема премногу силна конкуренција на уписите

Прифатлива школарина

Loading...

Мислењето на семејството/пријателите

Близината на универзитетот/факултетот

Loading...

Да студирам она што сакам

Добра организација на сите оддели на факултетот

Да имам доволно време за други активности

Не изненадува фактот што поголемиот дел од идните студенти ја имаат финансиската поддршка од родителите кога станува збор за студирањето. Повеќе од половина испитаници во нашата анкета за идни студенти изјавиле дека студирањето ќе го финансираат со помош на родителите.

„Како ќе ги финансирате вашите студии?

1. Планирам да аплицирам за стипендија;
2. Ќе платат моите родители;
3. Ќе се вработам хонорарно;
4. Преку кредит од банка.“

60% од идните студенти ќе го финансираат факултетот преку родителите, 25% од нив планираат да аплицираат за стипендија, 11% би сакале да работат хонорарно, а 4% од нив ќе се финансираат преку кредит од банка.

Кој е ставот на матурантите за препишувањето? Мислите дека матурантите се запишуваат на факултет подготвени за препишување? Впрочем, значаен дел од нив не би препишувале на испит или колоквиум.

„Дали би препишувале за време на испит или колоквиум?

1. Никогаш, за препишувањето нема оправдување;
2. Не, но немам против ако другите препишуваат;
3. Не планирам, но би препишувал/а ако не се подготвам на време;
4. Да, ќе препишувам секогаш кога ќе имам можност.“

Речиси половина од идните студенти изјавуваат дека би препишувале само доколку не се подготват навреме, а повеќето не планираат да препишуваат.

Матурантите уште отсега се подготвуваат за своите студентски денови. Меѓу другото, тука се подготовките за предавањата кои ги очекуваат.

„Дали планирате редовно да одите на предавања и вежби?

Loading...

1. Да, не сакам ништо да пропуштам;
2. Да, но тоа не ми е приоритет;
3. Ќе одам само на предавања и вежби кои ме интересираат;
4. Не, не планирам;
5. Се уште не знам.“

69% од идните студенти планираат редовно да одат на предавања и вежби бидејќи ништо не сакаат да пропуштат. 21% од нив сакаат да одат, но тоа нема да им биде приоритет, 7% ќе одат само на оние кои ги интересираат, 2% се уште не знаат, а 1% не планираат да одат на предавања и вежби.

Едни од поволностите да се биде студент е можноста да се учествува во многу настани и да се биде дел од студентски организации. Учеството во студентска органзиација може да отвори дополнителни врати за студентите, како патувања, тренинзи и обуки. Дали матурантите се свесни за ова?

Се чини дека да. Ова се резултатите од анкетата:

1. Да, секако;
2. Можеби;
3. Се уште не сум размислувал/а;
4. Не знам;
5. Не.

Објавено на 27.05.2015 во категорија Образование

Leave a Reply