Пороен дожд, силен ветер и грмежи го зафатија кумановско (видео)

Сподели со своите пријатели

Интензивен пороен дожд проследен со силен ветер и електрични празнења попладнево по 15 часот го зафати Куманово и кумановско. 

Во моментов подрачјето на Скопје и населените места северно од градот се зафатени од нестабилна воздушна маса со големи размери , од која како појави има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град. Нејзиниот правец на движење е кон североисток и според радарската слика наскоро е можно да го зафати и реонот на Куманово, велат од УХМР.

Друга голема нестабилна маса се наоѓа над планините Караџица и Јакупица.

Loading...