Поранешен кошаркар на Куманово во затвор во Перу поради шверц на дрога

Сподели со своите пријатели

Некогашниот кошаркар на македонските прволигаши Куманово и МЗТ Скопје, Србинот Никола Радојичиќ веќе извесно време ја издржува затворската казна која ја доби поради шверц на дрога во Лима, Перу.

Србинот кој потекнува од кошаркарската школа на Црвена Звезда пред повеќе од две години беше фатен како шверца капсули полни со кокаин во стомакот, а судот му изрекол затворска казна од дури 12 години. Негов пријател во изјава за српските медиуми вели дека тој минува 18 часа дневно во затвор, а воедно потенцира дека тој е единствениот Европеец меѓу луѓето кои издржуваат казни.

Никола е 18 часа затворен во келија. Дозволено му е само шест часа да биде во дворот. Затворот има 3.700 затвореници од Јужна Америка, а тој е единствениот Европеец. Тој е дел од посебна група која има свој статус во затворот. Поради физичката издржливост го нарекуваат „ѕвер“, а неговиот живот не е загрозен. Поради фактот дека е од балканските простори, тој е многу почитуван – вели анонимен извор на српски „Курир“.

Радојичиќ настапуваше за МЗТ во 2009 година, а потоа, во сезоната 2010/11 го носеше дресот на Куманово и во тимот издржа неколку месеци.

Извор: гол.мк