Поради страв од пирати, илјадници патници 10 дена крстареле во темница

Сподели со своите пријатели

Патници на крузерот „Морска принцеза“ кој пловел од Сиднеј до Дубаи минале цели 10 дена во целосен мрак, а причината била потенцијален напад од сомалиските пирати во Индискиот океан и Арапското море, објавуваат австралиските медиуми.

Скоро 2.000 патници минале 10 до 94 дена колку траело крстарењето во целосна тишин и темница, затоа што по неколку години примирје, последните месеци сомалиските пирати извеле неколку киднапирања на подрачјето околу Арапскиот полуостров кој сега повторно се смета за опасен.

Патниците ги фарила паника, затоа и започнале да веруваат дека се подготвува терористички напад, а капетанот на бродот започнал да го тренира екипажот за потенцијален напад.

Бродот на крајот без поголеми проблеми пристигнал до Емиратите, но расположението на патниците не било ниту приближно еднакво како на почетокот на патувањето.

Патниците порачале на медиумите дека тие 10 дена ги минале во страв и дека едвај чекале да заврши крстарењето.