Поради штрајк на грчките цариници утре затворена границата со Грција

Сподели со своите пријатели

Поради штрајк на грчките царински служби утре ќе биде во прекин сообраќајот на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција. Границата ќе може да ја поминат само пешаци.

Како што соопштија од МВР, на Граничниот премин Богородица прекинот ќе биде од 6:00 часот утре до 6:00 часот на 20 октомври, а на ГП Меџитлија од 6:30 часот на утре до 6:30 часот на 20 октомври.

На Граничниот премин Стар Дојран прекинот во сообраќајот на границата ќе биде утре од 5:00 до 23:00 часот.

Извор: МИА

Loading...