Поради нарушени односи кумановец со нож и тупаници нападнал сограѓанин

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 02.08.2016 година околу 19.00 часот во дворот на куќата на С.А., поради нарушени односи, физички го напданал Ф.А. (46) удирајќи го со тупаници во пределот на главата, а со нож во пределот на грбот му нанел телесна повреда во вид на расекотина, по што истиот бил пренесен на хируршкото одделение во Општа Болница-Куманово.