Поради лизгави плочки, УС Опен ќе треба да и исплати на Бушар 20 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Канадската тенисерка Ежени Бушар го доби судскиот спор со УС Опен и заработи 20 милиони евра, повеќе досега заработеното во текот на целата нејзина кариера.

Пред две години, Ежени Бушар ги тужеше организаторите на Отвореното првенство на САД, поради падот во соблекувалните предизвикан од лизгави плочки при што таа заработи полесен потрес на мозокот и имаше оштетување на кожата од силната киселина со која бил намачкан подот.

Оттогаш кариерата на Канаѓанката е во надолна линија, а таа за тоа го обвини УС Опен.

Некогаш беше петта во светскиот поредок а сега е на 121. место на ВТА ранг листата.

– Се чувствувам слободно, рече Бушар по изрекувањето на пресудата. /МИА

Leave a Reply