Поради градежни работи улиците „Среќко Пужаљка“ и „Перо Шварц“ ќе бидат блокирани

Сподели со своите пријатели

Во врска со имплементација на ИПА – проект „Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Општина Куманово“, секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата ги информира граѓаните дека од 02.05.2017г. ќе се започне со градежни работи – попречни приклучоци, на ул.„Перо Шварц“ и ул.„Среќко Пужаљка“.

За краткиот период додека се изведуваат градежните работи на спометаниве локации, сообраќајот ќе биде блокиран со цел да се изведат што е можно побрзо градежните зафати. Воедно ги молиме граѓаните да ги отстранат моторните возила од улиците, како и за соработка од нивна страна, со цел, непречено работење – стои во сооштенето од Општина Куманово.