Поради дефект на бај – пас системот, можен пад на притисок во високи зони

Сподели со своите пријатели

Како што информира Јавното претпријатие ”Водовод” притисокот на вода е повторно намален на 60 литри, откако бил констатиран дефект на бај пас системот.

Loading...

Информацијата за дефектот на бај пас мрежата доаѓа од ЈП Водостопанство ‘Кумановско – липковско поле”, при што од редовни 110 литри, притисокот паднал на 60 литри сирова вода во секунда.

Доколку дефектот не биде саниран, нови се можни кризи во водоснабдување во високите зони, информираат од ЈП Водовод.