Попладне намалување на облачноста, обилни врнежи викендов

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и во раните утрински часови времето беше променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Слаби врнежи од дожд имаше во Охрид, а во Лазарополе сеуште врне снег. Во Штип има појава на магла со ограничена хоризонтална видливост од 50м, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Претпладне ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, ќе има за време на викендот. Пообилни врнежи ќе има во сабота.

Leave a Reply