Помалку сол, подолг живот!

Сподели со своите пријатели

Луѓето во развиените земји просечно во својот организам внесуваат околу 3.600 милиграми сол секој ден, додека стручњаците препорачуваат дневен внес од 1.500 милиграми. Со намалувањето на внесот на солта би се намалил ризикот од зголемување на високиот крвен притисок и болестите на срцето, потврдуваат истражувачите од Универзитетот во Калифорнија.

За жал, 80 отсто од солта што ја внесуваме ја добиваме по пат на комерцијално приготвување и пакување на храната. За да си го продолжиме животот доволно би било да го намалиме внесот на сол на 2.200 милиграми дневно.