Полудела од љубомора, па му сипала киселина на лицето додека спиел (фото)

Сподели со своите пријатели

Кети Леонг (52) од Лаикастер во Британија на своето момче Даниел Ротарио му сипала киселина во лицето во нивниот заеднички стан во јули 2016 година и го унакажала за цел живот.

 

Loading...

 

Британските инспектори истражуваат дали тамошнат аполиција имала сознанија дека Кети планирала ваков злочи, со оглед дека постојат сознанија  дека сулфурната киселина ја купила неколку месеци пред нападот.

Таа своето момче го нападнала поради љубомора додека спиел и му сипала концентрирана сулфурна киселина на лицето. По истрагата која била активирана по случајот, Кети во вторник е осудена на доживотен затвор.

 

 

Според наводите на инспекторот, Кети уште во февруари 2016 година ја купила киселината и ја прекршила забраната за приоѓање до нејзиното момче, која тогаш била на сила бидејќи имале бурна врска, пишува „Мирор“.