Полската влада им порача на граѓаните: Размножувајте се како зајаци (видео)

Сподели со своите пријатели

Полската влада ги повика своите граѓани да го следат примерот на зајаците за да остварат што побројно потомство.

Министерството за здравје во конзервативната влада на оваа претежно католичка земја, која има најсилка стапка на наталитет во Европа, објави кратка снимка во која ги фали зајаците поради обилното разможување, пренесува АП.

На снимката, објавена и на интернет, прикажани се зајаци како џвакаат зелена салата и грицкаат моркови додека приповедачот, исто така во ликот зајак, открива тајна на многучлени зајачки семејства, а тоа е вежбање, здрава диета и што помалку стрес.

Кампања за вдомување миленичиња која ќе ве разнежи (видео)

Loading...

– Ако стакате некогаш да станете родител, следете го примерот на зајаците, се препорачува во снимката.

Накратко е прикажан и еден пар, маж и жена кои уживаат во романтичен пикник, како совет дека и малку романтика би можела да помогне во поттикнувањето на прирдиот прираст кај луѓето.