12.02.2018 04:51

Полицијата во Кина носи очила за препознавање криминалци (ФОТО)

loading...

Кина се повеќе смета не технологијата во борба против криминалот.

Кинеската полиција неделава започна да користи посебни очила за препознавање лица на железнички станици, кои можат да идентификуваат потенцијално сомнителни личности во масата луѓе.

 

 

Очилата, произведени токму за потребите на полицијата, како што наведува „Вол стрит журнал“, можат да идентификуваат лица во рок од 100 милисекунди, а потоа да ја споредат фотографијата од базата во која има околу 10.000 осомничени.

Кинеската полиција веќе и забележала први резултати во користењето на овие очила, пренесуваат кинеските медиуми.

 

 

Во Џенгџоу така полцијата на железнича станица идентификувала и уапсила седум осомничени за кои полицијата изјави дека ги барала подолго време. Утврдено е дека 26 лица користеле лажни документи и на нив им е забрането патувањето.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments